fbpx

Иванов се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј

-

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, придружуван од сопругата Маја Иванова.

Тој се обрати на свеченото отворање на 18. Евроазиски економски самит, а ќе има и свое обраќање на сесијата на претседателите на тема „Патот до мирот: Каде оди хуманоста?“.

На Евроазискиот економски форум учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и од политичкиот живот, невладиниот сектор и од бизнис-заедниците од 40-тина држави.

На маргините на 18. Евроазиски економски самит, претседателот Иванов оствари средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес, како и за актуелностите поврзани со нашата црква.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...