fbpx

„Анима мунди“ поднесе претставка против Општина Битола

-

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ поднесе претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство за Општина Битола, поради нехуман третман, нехумано згрижување и сместување на бездомните кучиња во општина Битола. Пријавата се однесува и за несоодветното чување на животните во битолската зоолошка градина во крајно сурови услови, мачење и усмртување, работење без програма и за дејствување надвор од одобрено прифатилште.

– Освен што условите и третманот на животните е суров, целото дејствување се спроведува без каква било дефинирана програма за хуман третман на бездомните кучиња и за намалување на нивната бројка, односно произволно и спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните. Во процесов се ангажирани необучени шинтери од ЈП „Комуналец“ – Битола, но не и ветеринари, и се спроведува чистка на бездомните кучиња, а не стерилизација и враќање на кучињата на територијата на која се заловени, како што налага законот. Животните се изложени на стрес, трауми, се стационираат во услови каде се чуваат диви животни, крајна неудобност, глад, жед, болести и, на крај, на смрт. Самото сместување на бездомни животни во зоолошки градини е недозволиво, а ако ги земеме и предвид условите и целта на нивното заловување, во случајов фрапантно и експлицитно се крши Законот за благосостојба на животните, како и правилникот за техничките услови за прифатилиште. Бараме надлежните институции веднаш да постапат по претставките и најостро да ја казнат Општина Битола – пишува во соопштението на „Анима мунди“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...