fbpx

Иванов се сретна со министерот за надворешни работи на Бугарија

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера се сретна со Даниел Митов, министер за надворешни работи на Република Бугарија.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните политичко-економски состојби во двете земји, како и за севкупните состојби во регионот, со посебен нагласок на предизвиците поврзани со стабилноста, безбедноста и со евроатлантските процеси.

„Информирајќи го Митов за актуелната политичка состојба во Република Македонија, претседателот Иванов истакна дека е неопходно сите политички фактори да дејствуваат одговорно, да се ангажираат во конструктивен дијалог во насока на институционално решавање на сите предизвици, во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија. Во тој контекст, македонскиот претседател укажа на последиците од состојбата статус кво со македонските евроинтеграции, кои излегуваат на површина во моменталната политичко-безбедносна состојба во Република Македонија. Двајцата соговорници констатираа дека е потребно јасно и категорично ангажирање на Европската унија во процесот на стабилизација на земјата и продолжување со европските и со евроатлантските интеграции. Претседателот Иванов и министерот Митов го потврдија заемниот интерес за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво. Заедничка констатација е дека постои интерес меѓу двете земји за надминување на предизвиците и за понатамошно зајакнување на билатералните односи. Претседателот Иванов ги потврди заложбите за понатамошен дијалог и продолжување со работа на групите за усогласување на Договорот за добрососедство, пријателство и за соработка, притоа реафирмирајќи ја определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи, како врвна стратегиска цел, покрај евроатлантските интеграции и регионалната соработка“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...