fbpx

Исламска држава го минирала античкиот град Палмира во Сирија

-

Џихадистите од Исламска држава поставиле експлозив по целиот древен антички град Палмира во Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Палмира, која се наоѓа во централниот дел на Сирија, е во рацете на џихадистите од 21 мај поради што меѓународната заедница стравуваше дека исламистите ќе го уништат археолошкото пронаоѓалиште, кое е од непроценлива вредност.

Опсерваторијата наведе дека засега не е јасно дали ИД сака да го уништи античкиот град или да ги спречи сириските сили кои напредуваат кон градот.

– Сириските безбедносни сили се пред градот од западната страна. Во последните неколку дена донесоа засилување така што може да се очекува операција за повторно преземање на Палмира – изјави директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Пред војната во Сирија, илјада туристи секоја година го посетуваа тој археолошки локалитет длабоко во пустината, кој Сиријците го викаат „Невеста на пустината“.

Палмира е позната по остатоците од римско време. Од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година, многу од предметите беа ограбени, а дел од древните градби беа оштетени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...