Ислам Абази е новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

-

По пребројувањето на ливчињата од гласањето за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази.

Од четиримината кандидати, втор по број на гласови е Ермон Незири – 64 гласови, Деса Пауновска добила 10 гласови, а Вилма Русковска – 14. Од Комисијата укажуваат дека незадоволните имаат право на приговор.

Согласно  Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава, односно 163. Гласањето се спроведуваше во тек на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата.

Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) денес потврди дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го...