fbpx

Пендаровски – Агелер: САД остануваат силен партнер, сојузник и пријател на Македонија

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс – Агелер. Амбасадорката рече дека земјава од нејзиниот последен дипломатски престој минала низ бројни искушенија, го сменила и официјалното име, но сепак ја очекува чека светла иднина – но и нови предизвици.

„Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани“, рече Агелер.

„Во периодот, откако последен пат бев тука, Северна Македонија се соочи со големи предизвици и донесе тешки одлуки, одлуки што ја поместија земјата понапред на патот на евроатлантските интеграции. Оваа земја го промени своето име за да стане 30-тата членка на НАТО Алијансата – нашиот најнов сојузник. Ги отвори пристапните преговори за членство во Европската Унија, зацврстувајќи ја својата позиција како лидер во градењето на безбедноста и просперитетот на Западен Балкан. Вашето претстојно претседавање со ОБСЕ во 2023 година ја покажува клучната улога што земјата ја игра за иднината на Европа“, рече, меѓу другото, амбасадорката Агелер.

Таа  исткна дека и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици, Соединетите американски држави и Амбасадата на САД ќе сторат сè што е во нивната моќ за да им помогннат на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици.

„Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја додека земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани. Европа се соочува со најголемата закана, каква што не е видена со генерации, а Северна Македонија, како сигурен, активен сојузник во НАТО, придонесува за безбедноста и стабилноста во Европа“, рече амбасадорката Агелер.

Претседателот Пендаровски, во поздравниот говор до новата амбасадорка на САД, рече дека Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, како голем пријател и поддржувач во најтешките моменти за земјава.

„Посебно ме радува фактот што во изминатиот период билатералните односи меѓу нашите држави ги градиме и унапредуваме како сојузници во НАТО алијансата, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и човековите права, како и заложбите за меѓународен поредок базиран врз правила. Во контекст на последните геополитички предизвици и руската воена агресија врз Украина, дозволете да констатирам дека нашето цврсто пријателство добива уште повеќе на значење и истото претставува гаранција за стабилноста и просперитетот на мојата држава и регионот на Западниот Балкан, во целина“, рече Пендаровски.

Претседателот особено нагласи дека годинаа е започнат стратешкиот дијалог со САД, како прва земја од Западен Балкан.

„Подготвени сме за сеопфатно кревање на нивото на односи и уште поголема координација и соработка во сферите на економијата, одбраната, безбедноста, инвестициите, образованието, културата, науката и животната средина. Би сакал да истакнам дека, посебен квалитет во нашите односи сите овие години дава и многубројната македонска дијаспора во Вашата земја, која, освен мост на пријателство меѓу нашите народи, претставува и сериозен потенцијал за развој на економските врски“, нагласи Пендаровски и искажа благодарност до САД за поддршката во напорите за членство во ЕУ.

Според шефот на македонската држава, дискусиите за идентитети и наметнување „историски вистини“ се сериозна пречка.

„На тој пат, анахроните теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини претставуваат сериозна пречка која има потенцијал да го закочи нашиот интегративен пат и, со самото тоа, да го држи целиот регион во неизвесност, а тоа генерира нестабилност “, истакна претседателот Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...