Задолжителното инсталирање на мерни уреди (калориметри) на парно-греењето е предвидено за секој нов објект за кој е започната постапка за одобрение за градење, информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Во соопштението се додава дека, ова ќе важи откако новиот закон за енергетика ќе стапи во сила.
За објектите кои веќе се приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето на мерни уреди не е задолжително.
„Тоа е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа, ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници“, се вели во соопштението.