fbpx

Ивановска: Уште во 2019 констатиравме судир на интереси кај Анѓушев, Владата не го разреши

Ќе се направат измени во Законот за рестриктивни мерки, при што покрај санкциите од ЕУ и ОН, ќе бидат додадени и санкциите од САД и тоа ќе биде дополнителна вредност во борбата против корупцијата, изјави вицепремиерката Грковска

-

Секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер, е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата, изјави денеска вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска, откако САД вчера го прогласија генерално неподобен за влез во земјата поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и членовите на неговото семејство.

„Веќе предложивме и тоа помина на Влада да се направат измени во Законот за рестриктивни мерки, при што покрај санкциите од ЕУ и ОН, ќе бидат додадени и санкциите од САД и тоа ќе биде дополнителна вредност во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Грковска на денешниот Отворен форум за антикорупција.

Црвен картон од САД за Кочо Анѓушев – прогласен за неподобен за влез во земјата

И претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска изјави дека од Владата веќе барале разрешување на Анѓушев во 2019 година, кога утврдиле судир на интереси затоа што учествувал во расправата и носењето на владината одлука за намалување на царината за увоз на литиумски батерии а при тоа неговата фирма се бави со увоз на литиумски батерии.

„Ние дадовме иницијатива до Владата за негово разрешување, но Владата нè извести дека тоа не е судир на интереси, тој понатаму продолжи да биде дел од техничката влада“, рече Ивановска.

Стејт департментот вчера соопшти дека САД го прогласува Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во САД, поради неговата вмешаност во значително висока корупција.

„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во известувањето од Стејт департментот.

Во него се додава дека овој потег покажува дека „САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“.

На ова, со реакција се јави Анѓушев, кој изјави дека ќе ја обжали одлуката.

Откако САД го прогласи за неподобен во земјата, Анѓушев ќе се жали

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...