fbpx

ИЈЗ: Најмногу од новозаболените со ковид-19 се во возрасна група од 30 до 39 години

-

Во периодот од 31 август до 6 септември 2020г, тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е за 2,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (28 проценти). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20, информираат од Министерството за здравство, согласно извештајот на Институтот за јавно здравје.

Оттаму посочуваат дека процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1 процент што претставува зголемување од 1.4 отсто во однос на претходната недела, а регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0 отсто) и 172 (21,8 отсто) позитивни, соодветно. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (17 проценти), 50-59 (16,3 проценти) и 20-29 (14,9 проценти). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,8 проценти) и 10-19 години (5,1 отсто).

Како што покажува извештајот на ИЈЗ, од случаите кои се епидемиолошки истражени (95,7 проценти), регистрирани се 132 (16,7 проценти) хоспитализирани (зголемување од 85,9 отсто во споредба со минатата недела), а кај 219 (29 проценти) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3 проценти) имаат контакт со потврден случај, а регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

Во споменатиот период, од добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Од ИЈЗ велат дека пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9 проценти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...