fbpx

Зголемените трошоци за домување во август ја качија инфлација за 1,5 отсто

-

Повисоките вкупни трошоци за домување и за храна и пијалоци во минатиот месец доведоа до пораст на инфлацијата на месечно ниво. Државниот завод за статистика објави дека вкупната инфлацијата во август 2020 изнесувала 1,5 отсто, односно дека, во споредба со истиот месец минатата година, за толку се зголемиле трошоците на живот во државава. Додека во однос на цела 2019, инфлацијата во август оваа година е измерена на 0,9 отсто.

При тоа, во минатиот месец најмногу пораснале цените за домување, вода, електрика, гас и други горива, за 4,5 отсто во споредба со август 2019 година, и за 0,7 отсто во однос на цела 2019. По нив следуваат зголемените трошоци за алкохолни пијалоци, тутун и наркотици, за 4,4 отсто во споредба со истиот месец лани и за 3,9 отсто во однос на овие трошоци во претходната 2019 година. Следуваат трошоците за храна и безалкохолни пијалоци кои во август биле повисоки за 2,5 отсто, во споредба со август минатата година и за 2,2 отсто ако се споредат со претходната година. Цените на здравјето во август биле повисоки за 1,3 отсто во однос на истот месец лани и за 0,5 отсто во споредба со 2019.

Во однос на претходниот месец, јули, инфлацијата, односно, индексот на трошоците на животот во август 2020 година изнесува 100,5, а индексот на цените на мало 100,8. Минимален пораст на цените во период од еден месец е евидентиран кај сушениот зеленчук за 0,7 отсто, млекото за 0,5 отсто, оризот за 0,4 отсто… Додека во август годинава има пораст на трошоците на животот кај електричната енергија за 7,4 отсто, кај информатичката опрема за обработка на податоците за 1,6 отсто, фармацевтските производи за 1,3 отсто и кај гасот за домаќинствата и моторните возила за 1,2 отсто. Најголемо намалување, пак, во споредба со јули, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто.

Индексот на цените на мало, пак, во август бележи зголемување од 0,7 отсто во однос на истиот месец лани, а за 2,1 отсто во споредба со цените на мало во 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...