Играта Helldivers 2 заслужено стекна голема популарност

Играта бара добра комуникација меѓу пријателите во својот тим, а хуморот се чувствува во самата игра, како и во комуникацијата меѓу девелоперите на истата и нејзините играчи

Helldivers 2 скриншот од видео од YouTube каналот Jackfrags

Играта Helldivers 2 станува многу популарна. Таа користи механики од Warframe и Star Wars Battlefront 2, а јунаците во играта потсетуваат на главниот лик од серијата The Mandalorian. Борбата против бубачки потсетува и на Starcraft 2, со тоа што нејзините „зерги” овде се наречени „терминини”.

Самата премиса на играта е очигледно инспирирана од романот „Starship Troopers“ од писателот Роберт А. Хајнлајн, издаден во 1959 година, адаптиран во филм во 1997 година. Игривоста на играта е одлична, особено поради тоа што има „friendly fire“, опција што не може да се исклучи. Дополнително, ироничен хумор е присутен низ целата игра.

Тоа што ја прави оваа игра толку добра е што може да се игра со пријатели, во групи од по четири играчи. Во нивоата кои се одвиваат во пустини играчите се борат против џиновски бубачки, а нивоата во кои играчите се борат против роботи имаат зеленило и индустриски комплекси и се генерално потешки од нивоата кои се одвиваат во пустина.

Исто како во Warframe, има десетина различни нивоа, чии цели вклучуваат бранење на екстрактор на ресурси и носење на хард-диск до одредена локација. 

За оваа игра е навистина потребна гласовна комуникација за ефикасна координација на групата – затоа е добра идеја да се игра со пријатели онлајн, со слушалки и микрофон. Во играта лесно се гине токму поради „friendly fire“ – доволно е да застанете во „линијата на оган“ од друг играч што пука, да налетате на мина или воздушен удар од вашиот вселенски брод. Но, сепак има дури пет шанси за оживување при играње на нови нивоа. За разлика од Warframe, нема ладни оружја за напади од блиску, но има „melee strike“ удар со пушка, што е ефикасен само против „помалите бубачки“.

Што се однесува до хуморот, девелоперите на играта одговараат на прашања или барања на заедницата гејмери преку „ролплеј“, или играње улога. Најскорешен пример за тоа е дека има индикации за трета фракција од Helldivers 1, на која една од карактеристиките им е фраг од далеку со син ласер, како и инстантен фраг. Откако играчите го пронајдоа тоа, девелоперите излегоа со комичен одговор. Имено, ова е „ролплеј“ пост од извршниот директор на фирмата што ја има развиено играта: 

Играта неодамна доби нов пач, во кој може да контролирате Mecha Suit односно роботски егзоскелет, слично како во популарната игра Armor Code 6.

Што се однесува до купувањето на играта, ви ја препорачуваме стандардната верзија од Steam која чини 40 евра. Нема потреба од Deluxe верзијата затоа што дополнително вклучува само нова наметка, ново оружје и нова титула. 

Една од најдобрите карактеристики на играта е што за релативно кратко време можете да направите 100 отсто од достигнувањата на Steam и со тоа да имате уште една Perfect Game на платформата. Односот на девелоперите е одличен, а играта е топпло прифатена од гејмери ширум светот.