Отворениот Свет на Warframe ве чека под слоганот “Нинџите играат бесплатно”

Фото: Warframe.com

Сите што се двоумеле која бесплатна игра да ја одберат за играње на Steam со Warframe го направиле вистинскиот избор. Иако Dota 2 и CounterStrike GO се достапни бесплатно тие им се веќе пренадминати на повеќето гејмери што ги играат со години.

Ворфрејм ве внесува во една вселенска сајберпанк игра во која станувате „вселенски нинџа”. Ворфрејмовите се вид на оклопи кои ги користи операторот и може да ги менува по желба доколку ги има направено во играта. Играта има свој аспект на фармање и е повеќе PVE(Player vs Еnvironment) ориентирана, има и опција за PvP(Player vs Player) но тоа не го играат поголемиот дел од играчите. 

Отворениот свет на Ворфрејм е одлично направен, особено стазата „Плејнс оф Ајделон” каде можете да истражувате големо простраство и да се борите против непријатели, да се бавите со риболов каде што има вода, да копате руда со ласери и да се борите против големи чудовишта.

Исто така е додадена и уште една „опен ворлд” стаза со снег наречена „Фортуна” каде можете да користите ховерборд(летечки скејтборд) како во филмот „Враќање во иднината 2”.

Додека играта со години функционираше со мисии на различни локации на релативно тесни мапи со лавиринти сепак води како една од најдобрите „груп то плеј” игри и старите локации се аптејтирани и игриви дури и не се чека воопшто да се оформи група за играње. Ворфрејм нуди инстант акција и инстант забава. А графиката е импресивна дури и на постари компјутери бидејќи самата игра е добро оптимизирана. Квестовите се одлично сработени и главната приказна е доста интересна. 

Таканаречното „фармање” за ресурси и за нацрти за градење оружја и оклопи од делови е голем дел од играта. Сите во играта ги „бркаат” најновите оружја и ворфрејмови, впрочем и тоа е начинот на којшто се напредува во играта.

На пример, повеќето почетници мислат дека еден Ворфрејм и еден сет оружја им е доволен да ги имаат во играта, но како прогресираат дознаваат дека играта функционира со собирање и левелирање на повеќе оружја пред сè – со што се зголемува МР(Мастери ранк) општиот ранк на играчот во играта. Што повеќе различни оружја и оклопи имате тоа поголем ви е и Мастери ранкот но сепак треба да полагате тестови со кои поминувате на следен ранк. Некои од тестовите се полесни ако го имате вистинскиот ворфрејм корисен за тестот. 

Затоа и клучно за играта е да научите да тргувате со модовите и деловите што ги земате. Инаку, на прв поглед играта може да ви изгледа како тотална „Pay to Win” игра поради тоа што скоро сč можете да купите со валутата платина којашто се продава за вистински пари. Но, ако тргувате редовно можете да соберете доволно platinum за да купите слотови за левелирање различни оружја. Има и друг начин, а тоа е да левелирате различни оружја во еден ист слот и само да ги бришете и да одите на следното оружје или ворфрејм така ќе ви бидат признаени како искуство, но нема да ги имате за повторно користење. Затоа има и голем број играчи што се околу МР 12 а да речеме поседуваат само 10тина оружја – бидејќи левелирале во еден слот. Кој Мастери ранк сте толку трејдови имате достапно во денот. Пример, ако сте МР 5 можете само 5 пати да тргувате во рок од 24 часа. МР12 можат да тргуваат 12 пати и тоа значи и многу повеќе платина и од тука натаму играта се нормализира и ќе имате доволно за сè. 

Најбитно кај тргувањето е да ја филтрирате фразата “WTB” (Want To Buy) за трејд чатот – тоа се прави ако кликнете на лупата на чат менито и впишете WTB и стиснете да се филтрира, така на трејд чатот ќе ви излегуваат само пораките за тоа што сакаат да купат играчите од други играчи -чисто проверувате дали го имате делот, сетот или модот правите „виспер” (праќате приватна порака) на купецот се договарате за цената според тоа што е изложено на сајтот ворфрејм маркет каде можете да ги проверите цените и вредноста на секој „ајтем” што го имате: Warframe Market | Most recent Buy and Sell orders.

Иако играта може да изгледа гротескно од време на време сепак има неверојатни графички дизајни.