Играта Deus Ex Mankind Divided е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта во редовна продажба чини 30 евра и оваа цена ќе важи од четврток, по завршувањето на актуелната промоција

Deus Ex Mankind Divided скриншот од Трејлерот за Играта на Epic Games
Фото: Скриншот од Трејлерот за Играта на Epic Games

Играта Deus Ex Manking Divided е бесплатна на Epic Games до четврток, 21.03.2024 година до 16 часот. Станува збор за култна сајберпанк RP игра која може да се преигра со таканаречен “Non-Lethal Combat” – без убивање на непријателите, туку со нивно онеспособување со боречки вештини.

Ова е официјалниот трејлер за играта: 

Играта е тематски претходник на сега популарната Cyberpunk 2077 за која имаме објавено повеќе написи. Вилијам Гибсон е еден вид основоположник на правецот сајберпанк, каде во мрачна иднина луѓето се „аугментирани” со секакви „импланти” со механички додатоци и сетила појачани со технологија. Слично како Вулверин во X-man, протагонистот во Deus Ex има „бионички сечива” кои му излегуваат од механичките раце во стилот на вулверински канџи. Има појачан вид со вештачки очи кои гледаат низ ѕидови и можност за хакирање на сигурносни системи-камери и компјутери. 

Приказната се плети околу човештво во кое има поделеност помеѓу природните луѓе, односно оние без импланти, а целта е имплантираните луѓе да бидат истребени. Токму тоа е смислата на поднасловот на играта Mankind Divided (Поделено човештво) и поради премисата дека киборгот може да биде и почовечен и подоблесен од повеќето луѓе, фактор што постојано се провлекува низ научната фантастика. 

Првиот дел од серијалот за оваа игра беше излезен одамна и беше хит во минатото, но со годините дојде до најмодерна форма. Делот што е на бесплатна промоција на Epic Games моментално е најдобро поткована графичка игра, иако е излезена пред околу пред 8 години, сепак „старее како добро вино” и вреди да се изигра и денес.

Играта во редовна продажба чини 30 евра и оваа цена ќе важи од четврток, по завршувањето на актуелната промоција.