fbpx

ИД уништила три древни гробници во Палмира

-

Припадниците на Исламска држава кренале во воздух три древни гробници во Палмира, изградени меѓу 44 и 103 година од новата ера, рече денеска шефот на сириското Одделение за антиквитети, Мамун Абдулкарим.

Абдулкарим соопшти дека извори од Палмира го потврдиле уништувањето на трите гробници, градени во облик на кули, вклучувајќи ја и Елахбел, изградена во 103 година од новата ера. Гробницата имала четири ката и посебен подземен дел.

Џихадистите на ИД претходно урнаа два храма од римскиот период во градот Палмира, кој од мај годинава е под нивна контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...