fbpx

Хелсиншки: Властите не ги почитуваат правата на младите

-

Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како организации кои со свои претставници беа присутни на вчерашната средба, реагираат на несоодветниот начин на кој беа третирани претставниците на „Средношколски пленум“ од високите државни функционери.

– Поставувајќи се од позиција на моќ, министерот и заменик-министерот за образование и наука, Абдилаќом Адеми и Спиро Ристовски, и вицепремиерот Владимир Пешевски, се обидоа да го дискредитираат „Средношколски пленум“ со поигрувања со поими како „легитимитет“ и „репрезентативност“; „малцинство – мнозинство“, како и со претставување на претставничката демократија (делегирање моќ преку избори) како едниствен начин на демократско дејствување – се вели во соопштението на Хелсиншки комитет и на „Меѓаши“.

Тие понатаму истакнуваат дека имало и суптилни заплашувања дека доколку продолжи бојкотот, ќе се доведе во прашање можноста на средношколците да земат сведетелства, притоа истакнувајќи дека ваквите изјави не се закана.

– Притисоците врз средношколците се спротивни на Уставот на Република Македонија, но и на сите меѓународни стандарди, а особено на Конвенцијата за правата на детето, кои гарантираат заштита на правото на слободно здружување, изразување и на мирен протест. Во однос на барањата на „Средношколски пленум“, резултатите од екстерното тестирање да не бидат засметани во успехот на средношколците за оваа учебна година, Владата на РМ и Министерството за образование и наука констатирале дека е противуставно поради тоа што некои средношколци од завршна година веќе полагале и оттука не можат да направат никаква промена во овој дел – велат оттаму.

Тие потсетуваат дека во согласност со Конвенцијата за правата на децата, образованието е еден од основните процеси каде ставовите на децата треба да бидат слушнати и почитувани и одбивањето на нивното мислење е прекршување на ваквите одредби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...