fbpx

Хелсиншки: Работодавачи откажувале договори за вработување без писмено да ги известат работниците

-

Априлскиот месечен извештај за човековите права во Република Северна Македонија на Хелсиншкиот комитет за човекови права покажува дека работничките и работниците се една од најзагрозените категории при справувањето со корона вирусот. Минатиот месец Хелсиншки регистрирал 85 пријави за прекршувања на работничките права, кои опфаќаат приближно 920 работници.

„Голем број работници пријавија дека одредени работодавачи и покрај сите препораки и мерки, ја злоупотребиле вонредната состојба и им ги откажале договорите за вработување на цели групи вработени лица. Поголемиот дел од работниците воопшто не добиле писмено известување за тоа, туку работодавачите едноставно ги одјавиле од Агенцијата за вработување“, се наведува во извештајот на Хелсиншки.

Тие евидентирале 18 пријави за приближно 77 работници кои биле отпуштени од работа во текот на овој месец, но далеку позагрижувачки е бројот од 265 работници кои биле принудени да потпишат спогодби за раскинување на договорите за вработување.

„На овој начин, ним им беше оневозможен каков било пристап до заштитен механизам и тие останаа да се борат за „гола“ егзистенција на маргините на општеството. Уште еден удар за нив е неможноста да остварат паричен надоместок во случај на невработеност поради тоа што работниот однос им престанал спогодбено“ посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

Во втората половина од месецот, покрај тоа што се намалиле пријавите за отпуштања од работа, растел бројот на пријави од работници на кои платата не им била исплатена или им била намалена дури и за 50 проценти, незаконски повикувајќи се на институтот „виша сила“.

„На 599 работници не им била исплатена или им била намалена платата овој месец. Со неисплаќањето на платите и придонесите последниве два месеци, огромен број работници и нивните семејства беа оставени без здравствено осигурување, во еден од најкритичните моменти за здравјето на луѓето во нашата држава“ стои во извештајот.

Во месец април, исто така значително е зголемен бројот на пријави поврзани со говор на омраза на социјалните медиуми, односно вкупно 112 верификувани пријави. Најголем број од нив се по однос на етничка и политичка припадност, односно 61 процент и истите се забележани во екот на пандемијата и зголемениот број на заболени граѓани (во пораст од 8 до 22 април). Реакциите на социјалните медиуми, слично како и за март 2020 година, се однесуваат на полицискиот час, како и реакција на јавноста поврзана со мерките кои се преземаат од страна на Владата.

Покрај работничките права и говорот на омраза, со извештајот опфатени се анализите за правата на текстилните работнички, родовата еднаквост и лицата со попреченост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...