“Guild Wars 2” конечно добива Steam верзија на 10-годишнината на играта, но исто така има и разочарувачка вест. Досегашните акаунти играни со месеци и со години наназад нема да можат да се поврзат со Steam акаунтот, туку на Steam може да се почне само со тотално нови акаунти. Иако ќе има “crossplay” со акаунтите на Аренанет, сепак се користат истите сервери и само логинот ќе биде различен. Ова значи дека почетниците и ветераните ќе можат да играат заедно.
На Steam ќе ја имате бесплатната верзија од играта, која порано беше купувана, па ја направија бесплатна. Сепак, за да ги купите сите експанзии, Living World-приказните и останатата содржина, во иднина ќе излезе пакет со сите содржини на Steam што ќе чини околу 100 евра.
Исто така, една од поважните вести е што од Аренанет најавија дека веќе работат на уште една нова експанзија, по “Cantha” односно по “End of Dragons”. За “Guild Wars 2” и особено за сегашната експанзија имаме повеќе написи каде што е покриена, со најважното што може да се каже за самата игра.
Што се однесува до ваквиот потег за Steam верзијата, потегот е нефер кон играчите што ја играле играта порано, но сепак се работи за класична “Подели па владеј” маркетинг стратегија. Технолошки и организациски веројатно и не е толку тешко да се направи поврзување на главниот сајт на било која ММО со Steam акаунт, што се докажа со “Warframe” и неодамна со “Star Wars The Old Republic”. Дури, на овие две игри и Steam “ачивментите” кои повеќето луѓе и “ги ловат” беа ретроактивни во двете овие игри на Steam, односно ако сте ги имале во претходната верзија од главниот сајт на играта ви се префрлаат автоматски кога првпат ќе се логирате на Steam.
Сепак, во овој случај ќе бидат сите во ист датум и час што не е толку битно, но барем ќе го сочувате заслуженото. Вака само се прави празнина и фрустрација кај играчите кои нема да можат да ги покажат своите вистински статистики, бидејќи “Guild Wars 2” има огромен број на ачивменти и достигнувања каква што е досега како игра.
Според постот на Аренанет за време на 10-годишнината и воедно лансирањето на Steam ќе има голем настан во играта, иако во последно време се повторуваат претходни евенти како “Dragonbash”, “Super Adventure Box”, “Scarlet: итн. Ова предизвика презаситување кај играчите од самата игра и многумина преминаа на “Final Fantasy IV”, “Black Desert Online”, и дури и на “WoW” од што стана толку монотона “Guild Wars 2”. На настанот ќе има и бесплатни награди, а најголемата бесплатна награда ќе биде “скин” за “маунт” – не е откриено до денес за кој “маунт” се работи.
Како и да е, не е битно што сте постигнале и какви скинови и ајтеми имате, битно е да се чувствувате добро додека ја играте играта и да ви овозможи забава, релаксација и виртуелно дружење со луѓе од цел свет. А “Guild Wars 2” функционира како една огромна “Chatroom” каде многу луѓе прават муабети за играта, а често и за други работи надвор од играта. Заедницата во “Guild Wars 2” не е “токсична”, туку поголем дел од времето луѓето се фини едни со други и си помагаат, макар и со совети или уште подобро, со групирање и играње заедно.
За повеќе информации можете да го видите постот за ова на главниот сајт од играта.
Лансирањето на Steam и прославата и евентот за 10-годишнината на “Guild wars 2” ќе бидат истовремено, а закажаниот датум е 23 август 2022 година.