„Гугл“ ја претстави Address Maker, бесплатна апликација за известување за опасност од пожари на „Гугл Мапс“

Photo by Filippos Sdralias on Unsplash

По катастрофалните пожари што ја погодија северната хемисфера на Земјината топка изминатово лето, компанијата „Гугл“ деновиве се одлучи да промовира нова бесплатна апликација, која што ќе им помогне на властите и на невладините организации во справувањето со пожарите преку редовно и навремено информирање на граѓаните за ваквата опасност, се наведува во блог постот на компанијата.

Address Maker е најновата апликација, која ќе помогне во брзо време да се креира преку Plus Codes цела серија на адреси за градовите и селата кои се загрозени од пожари. На тој начин, граѓаните преку апликацијата за навигација „Гугл Мапс“ во конкретните региони ќе можат да бидат навремено известени за шумски пожар во нивната непосредна средина.

Од „Гугл“ известуваат дека владите на САД, Гамбија, Кенија, Индија и Јужна Африка веќе го користат Address Maker, како би овозможиле навремено известување до граѓаните за опасноста од пожари. Оваа нова опција преку „Гугл Мапс“ ќе биде достапна претстојнава недела преку Android и iOS, додека во октомври е планирано да се пушти и десктоп верзијата.

Покрај во САД и Австралија, во наредниот период ваквата опција преку „Гугл Мапс“ се очекува да стана достапна и во другите земји.