fbpx

„Гугл“ го купи „Одиси“

-

Сервисот за бекап, синхронизација и за споделување мултимедијални податоци меѓу повеќе уреди, „Одиси“, го смени сопственикот. Новиот сопственик е „Гугл“, кој планира да го имплементира во својата социјална мрежа „Гугл+“.

На интернет-страницата на „Одиси“ веќе е објавена порака која им објаснува на постојните корисници дека „одиси платформ тим“ наскоро ќе стане дел од „Гугл+ тим“. Исто така, им се заблагодаруваат на досегашните корисници за соработката и воедно ги известуваат дека сервисот за досегашните корисници ќе биде целосно оперативен до 23 февруари. По овој датум, сите видеозаписи и фотографии ќе бидат достапни само за презимање во вид на архива.

Истовремено, откако купопродажбата е реализирана, апликациите на „андроид“ и за оперативниот систем на „Епл“ станаа недостапни во интернет-продавниците на „Гугл“ и на „Епл“. Регистрацијата на нови корисници, исто така, е оневозможена.

Засега не е познат износот што „Гугл“ морал да го плати за оваа акцизиција, но имајќи предвид дека живееме во дигитална ера, истиот наскоро ќе биде познат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...