fbpx

Груевски: Целта на СЈО е да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ како партија

-

Целта на СЈО не е разоткривање на вистината туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, првоосомничен во двете нови истраги на СЈО. Изјавата Груевски ја даде во Штип, каде заедно со партиските функционери правеше увид во работите на два владини проекти – Клиничката болница и патот Штип – Миладиновци.

– Денешната прес-конференција на СЈО уште еднаш покажа дека целата на СЈО не е ниту правна разрешница, ниту разоткривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија. Како политички опонент на нивната партија, СДСМ, на партијата на СЈО. Обид да се разбие ВМРО-ДПМНЕ, за да може СДСМ слободно во иднина да ги спроведува политиките за кои се обврза, очигледно, пред своите партнери и пред оние кои што ја поддржуваат – рече Груевски.

Груевски како што рече, СЈО денеска пропуштило да каже, додека „соопштува куп лаги“.

-За овие два автопати, градењето е согласно посебен донесен закон. Тие зборуваат за други закони, но, пропуштаат намерно да кажат дека овие два автопати се направени со специјален закон, со посебен закон донесен од Парламентот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ немаше безмалку ниту еден објект, се ни беше или под кирија или нешто слично и немавме можност да работиме нормално. Она што го направиме по 25 години работење, беше со поддршка на членството на партијата, со членарини и донации, кои денеска некој бесрамно се обиде да ги нарече „перење пари“, да ги оцрни нашите членови дека тие переле пари, а не давале донации и членарини, со цел партијата да си направи основа инфраструктура на партијата – рече Груевски.

Изјавата Груевски ја даваше во присуство на пратениците, директорите на Клиничката болница и градоначалникот со изминат мандат, Илчо Захариев – сите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...