fbpx

Груевски: Следната година почнува проектот „Бесплатни патувања за најдобрите студенти“

-

Премиерот Никола Груевски, денеска на почнувањето на градежните работи за булеварот Партизански одреди, најави дека почнува владиниот проект „Бесплатно патување за најдобрите студенти“.

– За оваа мерка деновиве повторно зборувавме на седница на Владата. Усвоивме уште една информација во правец на прецизирање на деталите поврзани со оваа мерка. Мерката почнува да се применува веќе од следната година. Имено, секоја втора година, за студентите на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија според ранг-листата на Шангајскиот универзитет, кои имаат просек повисок од 9,5, Владата ќе обезбеди бесплатно патување и ќе го покрие сместувањето, храната, авионскиот превоз и сè друго што влегува во еден таков аранжман, на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите, односно Париз, Венеција и Барселона. Ќе има две тури годишно, од кои едната ќе биде во периодот мај – јуни, а втората во септември или најдоцна на почетокот од октомври – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...