Груевски најави изградба на ургентен центар и на две градинки во Куманово

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Куманово соопшти дека за десет дена ќе почне изборот на изведувач за градежните работи за изградба на ургентен центар во Куманово, а до крајот на годината ќе почне и самата изградба.

Груевски соопшти дека главниот проект е готов и оти се завршени сите подготвителни работи за изградбата на објектот, што ќе чини околу 48 милиони денари.

Тој, исто така, соопшти дека Министерството за здравство вчера објавило конкурс за набавка на три мамографи, од кои еден за Куманово, еден за Крива Паланка и еден за Битола.

– За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во буџетот повеќе од 300.000 евра за да се набават и да се стават на располагање на лекарите и на пациентите – рече Груевски.

За време на посетата на Куманово, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека се планира изградба на две градинки во општина Куманово до крајот на 2017 година. Тој рече дека постапката за едната градинка, која ќе има капацитет за 80 до 90 деца, е почната, но оти наишле на одредени формални пречки кои се обидуваат да ги отстранат. Другата градинка е во кумановската населба Гоце Делчев, каде се планира проширување за нов капацитет од 50 деца.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...