fbpx

Грците незадоволни дека Меркел го нарекла Заев „македонски премиер“

-

Грчките медиуми средбата Меркел – Заев денеска во Берлин ја забележаа главно по изјавата на канцеларката дека има посилна енергија во преговорите, но и по тоа дека Меркел го поздравила гостинот со зборовите „му посакувам добредојде на македонскиот премиер“.

Електронското издание на весникот „Прото тема“ токму оваа изјава на Меркел ја вади во наслов.

Инаку, прашана од македонски новинар, Меркел рече дека не сака многу да зборува за преговорите за името и за некакви притисоци. Сепак, го нагласи фактот дека првпат по подолго време има посилна енергија во преговорите.

– Мојот став е дека притисокот во преговорите не е многу од корист. Имам впечаток после подолго време дека двете страни имаат решеност за преговарање. Верувам дека и вие знаете дека јавните изјави некогаш повеќе може да штетат отколку да користат. Тука треба да се најде патот, не треба на прес-конференција, туку зад затворени врати – рече германската канцеларка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пожарникари кои го гаснеа пожарот на Серта, спасија куче од огнената стихија

Работат по 12 часови во денот, борејќи се со пожарите кои ја зафатија планината Серта, а притоа успеваат и да направат хумани дела кои уште повеќе ја враќаат довербата...