fbpx

Западен Балкан ја зголемува вработеноста – Македонија најдобар пример

-

Македонија е еден од подобрите примери и практики за справување со невработеноста, се оценува во направените истражувања во рамките на проектот „Платформата за вработување и справување со социјалните прашања“ на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Истражувањето „Пазар на трудот на Западен Балкан: постигнато, предизвици и можни политики“ објавено во рамките на проектот, се однесува на шесте земји од Западен Балкан.

Во него се заклучува дека, по стагнацијата од 2008 до 2011 година, во периодот заклучно со 2016 година Западен Балкан направил прогрес и раст од близу 9 отсто во вработувањата.

„Вкупниот број на вработувања повторно достигна 6,5 милиони што претставува зголемување од 8,9 отсто“, се наведува во извештајот.

Извештајот е составен од податоци од сите државни агенции или бироа за вработувања во шесте земји и според тие податоци и проценки, во 2016 година во Македонија, 48 отсто од регистрираните активни баратели на работа нашле некаков вид на вработување и тоа се однесува на 51.683 лица во таа година.

Според извештајот, транзицијата од невработен во вработен во 2016 во Албанија изнесувал 21 отсто (25.108), во БиХ 25 отсто (132.054) во Косово 45 отсто, но во споредба со 2014 година, во Србија 37отсто (265.111), во Црна Гора 34 отсто (14.645).

„Кон промените во стапките за вработување во периодот 2010-2016 година на Западен Балкан најмногу придонеле производството, градежниот сектор, образованието, стручната и научната дејност, јавната управа и земјоделството„, истакна шефот на проектот Нанд Шани, кој додаде дека во структурата на вработувањата, сепак, доминираат непроизводствените дејности.

Проектот „Платформа за вработување и справување со социјалните прашања“ (ESAP)  е финансиран од Европската унија, а спроведуван од РСС и Меѓународната организација на труд (ILO), со цел да се истражат состојбите и да се разменат искуствата и добрите практики на земјите од регионот.

Регионалниот совет за соработка е оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...