fbpx

Грција се надева на тримесечен рок од ЕУ за подобрување на контролата на границите

-

Загриженоста дека Европската Унија ќе ја остави Грција на цедило во врска со бегалската криза е сè поголема во Атина. Покрај стравувањата дека Брисел може да одлучи да ја пломбира македонско-грчката граница кај преминот Идомени за да не се дозволи веќе протек на бегалци, Атина сега е загрижена и од германско-турскиот предлог НАТО да дојде на грчко-турската граница, со што се смета дека целосно ќе се наруши суверенитетот на Грција на нејзина територија.

Грчката влада се надева денеска да добие продолжен рок од три месеци од Европската комисија за да ги подобри условите за заштита на границите, а со тоа и да ја избегне перипетијата со исклучување од шенген-зоната. Доколку се добие рок од три месеци, Грција ќе мора да ги среди прифатните центри, но и да биде поефективна околу контролата на бегалците и на мигрантите, начинот на кој мигрантите што не се од Ирак, Авганистан и од Сирија се сместуваат во центрите за азиланти и се враќаат во земјите од кои доаѓаат. Следниот важен рок за Грција се смета дека е 10 март, кога ќе биде објавен новиот извештај од процената на работата на прифатните центри, контролата и на регистрацијата на мигрантите и на бегалците.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Никос Ксидакис, кој е на турнеја во земјите-членки што бараат затворање на македонската граница за мигрантите, вчера беше во Словачка. Во интервју за грчката агенција АНА-МПА, Ксидакис посочи дека на словенечките колеги им посочил дека е неопходна искреност, меѓусебно разбирање и компромис меѓу земјите-членки.

Тој истакнал дека ако земја-членка на ЕУ сака да се вклучи со своја војска и со активности на границите меѓу Македонија и Грција, треба да разговара и со грчката, а не само со македонската влада, бидејќи во спротивно Атина се чувствува изолирано и на непријателски удар поради нечија одлука да постави војска на нејзината граница.

Она што дополнително ја загрижува Грција е новиот предлог на германската канцеларка Ангела Меркел и на турскиот премиер Ахмет Давутоглу за поставување војска на НАТО на грчко-турската граница. Предлогот се чини прифатлив за НАТО и се очекува денеска да биде ставен на дневен ред на дискусија на самитот на министри за одбрана на НАТО во Брисел. Идејата ја загрижува Грција, поради што Ципрас во телефонски разговор со Меркел истакнал дека Грција нема проблем со НАТО само ако војската биде поставена на турска страна за да ги гони шверцерите на бегалци.

Потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, беше децидна дека Грција нема во никој случај да прифати мешање на НАТО што ќе задира во грчкиот суверенитет и ќе претставува прекршување на меѓународното право.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...