fbpx

Грција пред потенцијални нови проблеми со кредиторите

-

Почетокот на новата година носи нови предизвици за владата на Алексис Ципрас. Грчката влада в петок ќе се соочи со посетата на претставниците на меѓународните кредитори и на маса ќе се најде тешкото прашање за реформите во здравственото и во пензиското осигурување, што значи кратење на бенефициите за голем број грчки граѓани.

Според информациите, веќе се создава јаз меѓу она што грчката влада е подготвена да го прифати како мерки и она што го бараат кредиторите. Весникот „Прото тема“ пренесува дека странските претставници се очекува да побараат реформи и кратења во висина од 1,8 милијарди евра, додека, пак, грчката влада е подготвена да понуди реформи до 700-800 милиони евра.

Самиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, во интервју за грчките медиуми потврди дека странските кредитори веќе вршат големи притисоци врз грчката влада за реформите што треба да се преземат и се очекува со нивното пристигнување во Атина да почнат нови, тешки преговори и пазарење за наоѓање заеднички компромис за оваа мерка за штедење.

Ваквото несогласување од сам почеток креира „дупка“ од околу една милијарда евра меѓу барањата на кредиторите и можностите на грчката влада, проблем кој се претпоставува дека тешко ќе може да се реши во текот на неколкудневните преговори со претставнциите на кредиторите во Атина. Оцените во Грција се дека ова прашање би можело да одземе многу време, со што повторно се отвора пандорината кутија на проблеми за Грција и тешкотии при исплаќањето на ратите од грчкиот кредит.

Покрај предизвиците со реформите за осигурувањето, во првите три месеци владата на СИРИЗА и на Независни Грци ќе се соочи и со реформите и со промените во данокот на додадена вредност, завршување на работите околу креирањето на нов фонд за приватизација, либерализација на пазарот и со забрзано приватизирање на државниот имот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...