fbpx

Граѓански организации се повлекуваат од работната група за новиот Кривичен законик

Од Блупринт групата велат дека со овој чин сакаат да упатат порака дека групата нема да учествува во процеси каде вклучување на граѓанскиот сектор се користи како алатка за давање легитимитет на нелегитимното и незаконитото

-

Блупринт групата за реформи во правосудството се повлекува од понатамошното учество во процесот на изработка на новиот Кривичен законик, соопштија граѓанските организации кои се дел од групата.

Детали за оваа одлука ќе изнесат в понеделник, но велат дека со овој чин сакаат да упатат порака дека групата нема да учествува во процеси каде вклучување на граѓанскиот сектор се користи како алатка за давање легитимитет на нелегитимното и незаконитото.

„Блупринт групата активно следи и учествува во процеси за градење политики, преку конструктивно и професионално давање препораки. Во последно време сме сведоци на злоупотреба на т.н. европско знаменце, европско право, казнени политики во овие рамки, како и извртување и злоупотреба на правото и правниот систем каде политички интереси го надминуваат јавниот интерес и општественото добро“, велат граѓанските организации.

Дел од оваа неформална мрежа организации се: Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки Комитет за човекови права (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Групата имаше свои претставници во работната група што ја формираше Министерството за правда за изработка на нов Кривичен законик. Но, пред тој да биде донесен, Собранието со европско знаменце и по скратена постапка донесе измени во постојниот Кривичен законик, во кој меѓу останатото, беа вметнати и одредби со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...