fbpx

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

-

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати во просек за 8,50 проценти од ноќеска на полноќ, информираат од таму.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за три денари за литар, со што новата цена ќе изнесува 57,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“, на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 денари по литар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 59,50 денари за литар, на дизелот 49,50 денари за литар и екстра-лесното масло за домаќинство, изнесува 37,50 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...