Речиси една година пред наредните претседателски избори во САД, поранешната прва дама Мишел Обама објави ново видео на Инстаграм во кое заедно со група познати личности го повикуваат американскиот народ да се регистрира за да гласа. Во видеото вели дека минатата година имало милиони нови гласачи кои гласале за прв пат, а сега е дури уште поважно да гласаат уште повеќе луѓе.

Селена Гомез, Лиза Коши, Џанел Моне, Том Хенкс, Кери Вашингтон се дел од тимот на Мишел. Погледнете го видеото: