fbpx

Германски ФАЦ анализира: Чека ли Србија можност да го заземе северот на Косово?

„Кога српскиот претседател, вљубен во статистиката ќе почне да жонглира со бројки, паметно е внимателно и со резерва да се земат неговите изјави бидејќи реалноста не секогаш ги следи најавите“, пишува новинарот Мајкл Мартенс за ФАЦ

-

Кога во јануари беше потврдено дека САД ќе испорачаат 246 противтенковски ракети Javelin на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ вети рекордни инвестиции во војската, пишува Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ), а пренесува Дојче Веле сервисот на српски јазик.

Како што се наведува, најавена е набавка на противвоздушна одбрана составена од дронови, хеликоптери, а веќе годинава на армијата ѝ се ветени илјада домашни дронови.

„Кога српскиот претседател, вљубен во статистиката ќе почне да жонглира со бројки, паметно е внимателно и со резерва да се земат неговите изјави бидејќи реалноста не секогаш ги следи најавите“, пишува новинарот Мајкл Мартенс за ФАЦ.

Но, како што тој додава, Вучиќ не зборува залудно за воената индустрија – набавени се кинески системи ФК-3 и друго оружје. Според стокхолмскиот институт СИПРИ, минатата година Србија инвестирала повеќе пари во армијата отколку преостанатите пет земји од Западен Балкан заедно.

„Тој се вооружува и реторички“, пишува весникот и потсетува како Вучиќ го изразил своето восхитување кога Азербејџан преку брза акција ја врати контролата врз Нагорно Карабах, област за која со децении беше во спор со Ерменија.

Вучиќ, кого ФАЗ го нарекува „најмоќниот политичар во Белград по Тито“, објаснувал како Азербејџан направил сè како што треба – со години ја зајакнувал економијата, армијата, посебно специјалните сили, но и трпеливо чекал да се променат геополитичките околности.

„На неговата публика ѝ беше јасно што тој навистина мисли. Националистите веќе долго време отворено зборуваат за тоа. Кога политичката ситуација во светот ќе се промени во корист на Србија – на пример, со поразот на Украина или изборната победа на Доналд Трамп, може да дојде моментот да се врати северот на Косово, кој е населен со Срби, преку воена акција“, пишува Мартенс.

Како што оценува ФАЗ, инвазијата со тенкови би била „потенцијално катастрофален потфат за Србија, доколку Косово навреме добие противтенковски ракети“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...