Герасимовски: Поранешна „Треска“ да влезе во нов регулациски план заради подобра урбанизација

-

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, го повика Град Скопје и институциите да се ангажираат за што подобра урбанизација на просторот на поранешната фабрика за мебел „Треска“.

„Моето залагање е да што подобро го урбанизираме самиот простор, но не треба да занемариме и да имаме предвид дека таму имаме важечки ДУП. Доколу не постапуваме по тој ДУП, тоа е кршење на закон. Мојата борба е што подобро да го урбанизираме тој простор“, порача Герасимовски.

За просторот кај „Треска“ има важечки ДУП, кој има околу 40-тина градежни парцели и таму е предвидена изградба на станбени згради.

Сепак, за подобро урбанистичко решение, смета градоначалникот на Центар, фабричкиот двор треба да се издвои од ДУП-овите, преку регулациски план.

„Нашата цел е преку регулационен план да го одвоиме тој дел од ДУП-овите Буњаковец 1 и 2, каде се наоѓа и парцелата за ‘Треска’. Ги повикав и ги повикувам институциите од кои што зависиме, за подобро и побрзо носење на самиот план, вклучувајќи го и Град Скопје, каде денеска имаме и состанок за што побрзо да се донесе подобар план“, изјави Герасимовски.

Тој ги повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Министерството за транспорт и врски, но и другите институции, да излезат во пресрет што побрзо и да се донесе што е можно подобар ДУП.

Инаку, зборувајќи за пожарот во „Треска“ Герасимовски речеи дека се работи за човечки фактор и дека општината имала информации месеци наназад за тој дел за кражби кабли, старо железо но оти не верува дека пожарот е подметнат намерно.

„Неколку месеци, во соработка и комуникација со одредени институции, чекавме да заврши целиот увид на терен, чекавме зелено светло од сите институции за да им дадеме насока на сопствениците да си го расчистуваат просторот“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Се расчистува просторот во „Треска“, следува ли бетонизацијата и на овој дел од градот?

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...