fbpx

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

-

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми.

Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да се прогласи за „компромитирано“ и да се одржат нови избори веднаш.

Трамп, кој постојано тврди дека последните претседателски избори биле украдени поради измама, се обрати на неговата сопствена платформа за социјални мрежи наречена „Truth Social“.

„Ова е масовна измама и мешање во изборите на ниво што досега не е видено во нашата земја. Лек: прогласете го вистинскиот победник или, а тоа би било минимално решение, прогласете ги изборите во 2020 година за непоправиливо компромитирани и одржете нови избори, веднаш“, напиша Трамп на неговата сопствена страница, коментирајќи дека лесно ќе победел на последните избори доколку ФБИ не ја „закопала“ приказната за лаптопот на синот на Џо Бајден, Хантер Бајден.

Конзервативците во САД последниве денови ги коментираат забелешките дадени од првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, за начинот на кој оваа социјална мрежа се справила со приказната за лаптопот на Хантер Бајден непосредно пред изборите во 2020 година. Во подкастот на Џо Роган, Закерберг откри дека Министерството за правда на САД го предупредило Фејсбук да биде внимателен во врска со руската пропаганда во деновите на изборната кампања.

Закерберг, конкретно, рече дека федералните служби не ја означиле оваа приказна како дезинформација, но платформата го ограничила дофатот на веста за Хантер Бајден на „Њујорк Пост“, поради тоа што проверувачите на факти утврдувале дали е вистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...