Гејминг флеш вести: Нов „HonestCon“, „TGA 23“ инцидент, излегувањето на „Аватар“

Во овој напис ви ги претставуваме последните новости од светот на видеоигрите - дел од нив ќе ве насмеат, некои ќе ве изненадат, а има и вести што објаснуваат како функционира гејминг индустријата како посебна мултимедијална уметност

фото: Аватар, слика од главниот вебсајт

Токму кога се помисли дека „Game Awards 2023“ помина без слични инциденти како лани, протече видео од снимка на „идиот екранот” за луѓето на сцена – токму во моментот кога тимот на девелопери на „Baldurs Gate 3“ (Портата на Балдур 3) зборуваа и му оддаваа почест на нивниот скорешно починат колега Џим Соутсворт кој допринел кон играта како надлежен за тимот за анимации – со мобилен телефон е снимена пораката од режијата на англиски која вели “Please Wrap It Up” (“Ве молиме привршувајте”) во моментот кога плачеа дел од колегите што ја создадоа играта. Ова е голем минус за овој настан, чијашто организација се покажа како нереспектабилна. Ова е снимката од лошиот инцидент со коментар од јутуберот Asmongold: 

Во меѓувреме, излезе и најново видео од новиот серијал „HonestCon“ на мајсторски комични монтажи, со исмевање на настанот „Близкон“, измонтирано со помош на програми за генерирање глас преку алатки со вештачка интелегенција во развој. Монтажата е толку добро склопена што инстантно стана вирален хит, повторно со реакции од Asmongold којшто е одличен познавач на игрите и состојбите на „Близард“:

Рака на срце, претседателот на „Близард“, Мајк Ибара во оригиналното видео од „Близкон“ во својот почетен говор зборува за тоа како гејмерите ширум светот се здружуваат, почнуваат и одржуваат долгогодишни пријателства и кои преку дигитална комуникација и заедничко играње, како луѓе, се зближуваат до тој степен што се вистинска меѓусебна пријателска поддршка низ тешки периоди во животот.

Што се однесува до хумористичното претставување на влијанието и односот на „Близард“ кон играчите – дел од тоа е и сериозна реалност, а, како велат “секоја шега – половина вистина”.

Следната вест е за неодамнешното излегување на играта „Аватар: Границите на Пандора“. Иако филмот „Аватар“ беше доста популарен во првата верзија, поголем дел од самиот филм беа врвни „SGI“ анимации. Следното видео е гејмплеј од почетокот на играта на максимум графика и во 4К технологија: 

Имаше неколку моменти што им паднаа во очи на гејмерите ширум светот. Како на пример, слабите опции за кустумизација на лик, тоа што сите „NPC“ каратери се премногу слични и генерични, иако во помал број има и маркантни ликови во приказната. Базите во кои како Нави вонземјанин се борите против лошите луѓе кои сакаат да ги земат природните ресурси, се слични една на друга до тој степен што изгледот и сетингот варираат многу малку. Дури и воздушните битки со јавање змејови – против летачки машини, се генерично сработени, колку да ги има. А, самото истражување во играта не се одвива во толку отворен свет како што се мислеше дека ќе биде. Според приказната, вашиот главен лик е „Нави“ вонземјанин израснат од луѓе со група други „Нави“, додека целта е да се дојде до племињата на „Нави“ вонземјани на дивата планета Пандора и со употреба на старите чесни начини на домородците да се победи индустријализацијата и експлоатацијата на планетата. Секако, пораката е доста еколошка и сите симболики во потконтекст алудираат на тоа.