fbpx

Гасовод кон Грција ќе има до крајот на 2024 година, тендерот за изградба следи нареден месец

-

Во втората половина на февруари ќе биде распишан јавниот повик за изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, а изградбата би требало да заврши до крајот на 2024 година, информираат од Министерството за економија.

Во моментов се работи и на нов интерконектор со Република Србија, додека за интерконектор со Косово, обврските од наша страна се завршени и се очекува одлука од косовската страна за реализација на овој проект, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“ на вториот ден од конференцијата „Година на нови можности“

„За косовската страна ги подготвивме како документација сите процедури, ја очекуваме нивната одлука дали да се продолжи градбата во нивниот дел“, рече Бектеши.

Тој посочи дека речиси сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со природен гас. Природниот гас, како што информира, е од Турција и од Грција, односно го имаме од различни извори. Во моментот, како што потенцираше министерот, се користи зголемениот капацитет на гасоводот со Бугарија за испорака на гас.

„Да, се користат тие зголемени капацитети од страна на ЕСМ Продажба, која се занимава со увоз и снабдување со природен гас на нивните постројки, но и за другите потрошувачи како што е индустријата. Најважно од се е дека природниот гас кој што се увезува е од ЛНГ-терминалите од Турција и еден дел во Грција, што значи дека имаме различни извори од тоа што сме имале претходно и не сме зависни само од еден извор кој претходно беше „Газпром“, рече Бектеши.

Според министерот, гасот во складиштата во Турција и Грција се чува во течна форма пред да биде превземен, а во Македонија доаѓа преку единствената гасоводна врска со Бугарија.

Министерот на панел дискусијата кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас.

Според него, во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ терминалот во Александрополис.

Бектеши додаде дека доколку целосно се оствари Националниот План за целосно гасифицирање на државата и нејзиното поврзување со соседите, постои можност Македонија да постане енергетски хаб и да ги ужива придобивките од извозот на природен гас кон соседните земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...