fbpx

Фондацијата на Џорџ Сорос не се повлекла од Африка и Европа, ниту пак, ја „избркале на клоци“

Нема никакво бркање на клоци на фондацијата Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже оваа објава. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал.

-

Нема никакво бркање на клоци на фондацијата Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже оваа објава. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал. Исто така, Фондацијата делува и во Африка, наспроти тврдењето во објавата дека е избркана од овој континент, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на Фејсбук која тврди дека фондацијата „Отворено општество“ на милијардерот Џорџ Сорос делува само на Балканот. Ова не е точно.

Па со исклучок на Балканов, цел останат свет го избркаа на клоци Сорос, последно е од Африка. Балканов покажа дека има екстремни квинслизи како Курто и Мурто, и ЕКСТРЕМНА ретардирана партиска клиентела поддржувачи на тие два табори…, стои меѓу другото во објавата.

Притоа, објавата споделува фотографија од напис во кој се вели дека Фондацијата „Отворено општество“ најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан. Ваквото тврдење е злоупотребено со цел да се манипулира јавноста.

Прво, Фондацијата „Отворено општество“ најави дека го префрла својот фокус од Европа на други делови од светот, односно планира да го ограничи финансирањето на Европа.

Фондацијата „Отворено општество“, добротворната организација основана од милијардерот со унгарско потекло Сорос, го насочува својот фокус подалеку од европските прашања. Од Фондацијата велат дека планираат да повлечат или прекинат голем дел од својата работа во рамките на Европската Унија, префрлајќи го својот фокус на други делови од светот.

Сè уште не е јасно како и каде ќе се прераспределат средствата на Фондацијата, но таа ќе продолжи да поддржува некои програми на граѓанското општество во Европа, вклучително и со ромските заедници, објави Еуроњуз.

Портпаролот на Фондацијата „Отворено општество“, како што пренесува Еуроњуз, изјавил:

Ние ќе продолжиме да ги финансираме групите на граѓанското општество низ Европа, вклучително и оние кои работат на надворешните работи на ЕУ и ќе ја одржиме нашата историска поддршка за европските ромски заедници.

Значи, Фондацијата никој не ја избркал на клоци од Европа, како што се обидува објавата да манипулира, тука таа најавила ограничување на средствата за финансирање. Точно е дека го префрла фокусот на други земји, но не се повлекува целосно од Европа.

Што се однесува до тврдењето во објавата дека последно Фондацијата на клоци ја избркале од Африка, такво нешто како информација не може да се најде никаде, а ниту такво нешто е објавено на страницата на Фондацијата „Отворено општество“.

Имено, Фондацијата делува во Африка и има свои претставништва на неколку места кои можат да се погледнат на нејзината официјална веб-страница.  Има претставништва и во Европа и нема најавено затворање на истите. За работата на Фондацијата во Африка може повеќе да се види тука.

Од сето ова можеме да заклучиме дека нема нема никакво бркање на клоци на Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже објавата што ја анализираме. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал. Исто така, Фондацијата делува и во Африка, наспроти тврдењето во објавата дека е избркана од овој континент. Според тоа, оваа објава на Фејсбук ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...