fbpx

Филипче: Во ГОБ „8 Септември“ 38 од сместените 107 пациенти се на возраст од 68 до 88 години

-

Откако на социјалните мрежи и во медиумите излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ бил вратен поради неговата возраст, министерот за здравство Венко Филипче рано утрово побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во болницата ГОБ „8 Септември, велат од кабинетот на министерот.

„ДСЗИ попладнево го информираше министерот Филипче дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години. Министерот разговараше и телефонски со д-р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“, според кој, во моментов во ГОБ „8 Септември“, најмладиот ковид пациент е на 20 годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години“ велат од министерството за здравство.

Оттаму додаваат оти Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран.

Министерот Филипче потенцира дека хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман, стои во дописот од МЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...