fbpx

Eвидентирани нови 89 ковид случаи

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 89 нови случаи на ковид. Направени се 656 тестови. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 26 реинфекции. Оздравеле 25 пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица (71г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...