Прераното укинување на мерките може да го зголеми бројот на ковид случаи

-

Грција, Италија, Германија и Велика Британија се само некои од европските земји кои бележат пораст на бројот на ковид случаи. Како што оцени Светската здравствена организација (СЗО) неодамна, „бруталното“ укинување на ограничувањата е главната причина зошто неколку европски земји регистрираат нагло зголемување на случаите. Пораст на случаите има и во Кина, а Шангај е во локдаун додека не се прегледаат резултатите од тестовите на сите 26 милиони жители. Кај нас, пак, ситуацијата засега е стабилна, иако епидемиолозите предупредуваат дека мора да се внимава.

Епидемиологот д-р Александар Стојанов смета дека сега е доцна да се воведуваат мерки или да се забрануваат собири.

„Кога мерката за негрупирање беше на сила не се почитуваше, па затоа не можеме да очекуваме да се почитува ако повторно се врати на сила. Еднаш кога ќе се испушти работата, тешко се враќа на старо. На властите во европските земји сега примарно им е колку е оптеретен здравствениот систем. Имаат задоволителна бројка на вакцинирани, па затоа е и опуштено секојдневието. Швајцарија вирусот го сметаат за грип, а Шпанија ја прогласи како ендемска болест која се јавува на одредено време и толку. На сите им е преку глава од рестрикции, карантини и тешко може да се вратат да се вратат пак тие мерки“, смета д-р Стојанов.

Кај нас, според него, проблем е што имаме мал број на вакцинирани лица, односно со трета доза е вакцинирано само 7 отсто од населението.

„Американската агенција за храна и лекови препорача чертврта доза, за лицата над педесетгодишна возраст и за хронично болните. А кај нас трета не може да се даде. Треба да обрнеме внимание на тоа да се вакцинираат луѓето. Караванот за трета доза заврши, две недели траеше. Мислам дека тоа треба да продолжи. Треба да се оди во селата и на лице место и да ги вакцинираат луѓето бидејќи тие во амбуланта нема да дојдат да се вакцинираат“, потенцира д-р Стојанов.

Тој вели дека сѐ што било предвидено за овој вирус во корелација со другите корони, во пракса се покажало дека не е така.

„Ни во зима ни во лето не застана оваа болест. Не е сезонска како што беше со некои други. Караванот за трета доза заврши, две недели траеше. Мислам дека тоа треба да продолжи ако имаат добри резултати. Да се оди во село на лице место и да ги вакцинираат“, вели доктор Стојанов.

Инаку, Комисијата за заразни болести денеска информираше дека на редовниот состанок донеле препораки за намалување на рестриктивните мерки и се согласиле да препорачаат укинување на задолжителното носење на маските во затворен простор. Исклучок од оваа мерка се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. Препораките треба да се преточат во одлуки кои ќе се најдат на владина седница во претстојниот период.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...