fbpx

„Епл“ влегува во светот на виртуелната реалност

-

„Епл“, заедно со компанијата „Окулус“, подготвува нов фронт за своите ривали „Гугл“ и „Самсунг“. Компанијата почна да бара луѓе кои имаат искуство на полето со виртуелната реалност, „унапредена реалност“ и тридимензионална графика.

– Експертот би развивал апликации со висока резолуција, кои се интегрираат во системот за виртуелна реалност, за да се изработи прототип и тестирање – се наведува во објавениот конкурс.

Огласот за работа, кој го објави сајтот „9to5Mac“, не открива повеќе детали за тоа што „Епл“ навистина планира, но претходно е објавено дека момците и девојките во Купертино веќе имаат подготвено неколку патенти за виртуелна реалност.

Како што пишува „Техно бафало“, не треба наскоро да се очекува откривање на деталите за проектите. Иако би било логично да се лансираат некој тип очила за виртуелна реалност, можеби станува збор за нешто што наликува на „Гугл кардборд“ или „Самсунг гир вр“, само што би било дизајнирано да го користи екранот на „ајфон“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...