fbpx

Протест пред Министерството за труд и социјална политика

-

Денеска, членови на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, пред Министерството за труд и социјална политика, одржаа протест по повод 25 ноември – Mеѓународниот ден против насилство врз жените, почнувајќи ја кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Оваа година, темата на кампањата е „16 дена активизам за 16 убиени жени за 6 години!“

„Сите овие убиства се извршени од членови на поблиското семејство, најчесто сегашни или поранешни партнери. Во поголемиот дел од овие случаи, постоело и веќе било пријавувано семејно насилство. Го прашуваме министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, каде е пропустот? Можеле ли овие убиства да не се случат? Можела ли соодветна процена на ризик за безбедноста на жртвите да го спречи фаталниот крај? Овој протест ќе го организираме сè додека не добиеме одговор на овие прашања. Секој 25-ти во месецот ќе се собираме пред Министерството за труд и социјална политика и ќе бараме одговор на прашањата: „Дали трикратното убиство во Кавадарци можеше да се спречи?“, „Дали двојното убиство и самоубиство во Аеродром можеше да се спречи?“, „Дали убиството во Ново Лисиче можеше да се спречи?“, велат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...