fbpx

Екстремни десничари ги нападнаа мигрантите на станицата Келети

-

На железничката станица Келети во Будимпешта, екстремните десничари фрлија петарди во импровизираниот бегалски камп на платото пред станицата, при што се слушнале две погласни експлозии, јавува „Би-Би-Си“.

Многу бегалци поради тоа се исплашиле, па некои од мажите ги истерале унгарските десничари кои биле скинхедси. По судирот, била повикана и полицијата.

Според известувачот на „Би-Би-Си“, скинхедсите дошле пред железничката станица Келети за да ги провоцираат бегалците.

Судирите набргу се смириле, а бегалците седнале на подот на платото во знак на протест, бидејќи не им дозволуваат да влезат во возовите за Австрија и за Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со...