ПРЕЗЕМИ ЈА ПУБЛИКАЦИЈАТА, (ПДФ формат)
Во 2023 година, создавањето и ширењето дезинформации се препознаени не само како медиумски, туку и како безбедносен проблем, кој го нарушува функционирањето на демократските институции и на медиумската сфера, предизвикувајќи огромни ризици за целото општество, загрозувајќи ги основните човекови права – од личната безбедност и здравје, до сите видови слободи. По целосната руска инвазија врз Украина во 2021 година, на глобално ниво настана пресврт во перцепцијата на важноста на овој проблем, кој претходно беше игнориран или минимизиран. За жал, огромните вложувања на антидемократските актери, продолжија да го јакнат влијанието на дезинформациите, заедно со теориите на заговори и разните видови пропагандни и политички манипулации.
Фондацијата „Метаморфозис“ го спроведе ова истражување со поддршка од глобалната мрежа за одбрана и промоција на слободно изразување IFEX, како дел од сеопфатните напори чија цел е да се разоткрие влијанието на странската пропаганда во Република Северна Македонија и преку јавна едукација да се зајакне капацитетот на клучните засегнати страни (граѓански организации и активисти, медиуми и новинари, државни институции и носители на одлуки) за да може активно да учествуваат во градењето отпорност на штетните антидемократски влијанија.
ПРЕЗЕМИ ЈА ПУБЛИКАЦИЈАТА, (ПДФ формат)