ЕЕА: Климатските ризици ја загрозуваат безбедноста на храната, екосистемите, водните ресурси, здравјето на луѓето

Екстремните горештини, сушата, шумските пожари и поплавите што ги доживеавме во последниве години во Европа ќе се влошат, вклучително и во оптимистичкото сценарио за затоплување на климата и ќе влијаат на животните услови на целиот континент, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина

-

Европа е континентот кој најбрзо се загрева, а климатските ризици ја загрозуваат енергијата на континентот, безбедноста на храната, екосистемите, инфраструктурата, водните ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објавен денеска.

Според агенцијата, многу од овие ризици веќе достигнале критични нивоа и би можеле да станат катастрофални без итна и решителна акција.

„Екстремните горештини, сушата, шумските пожари и поплавите што ги доживеавме во последниве години во Европа ќе се влошат, вклучително и во оптимистичкото сценарио за затоплување на климата и ќе влијаат на животните услови на целиот континент“, пишува агенцијата во соопштението во кое се презентираше првиот извештај за проценка на климатскиот ризик во Европа.

Студијата наведува 36 водечки климатски ризици за Европа, од кои 21 бараат итна акција, а осум итен одговор.

На прво место меѓу нив се ризиците поврзани со екосистемот, главно поврзани со морињата и со обалите.

На пример, комбинираните ефекти на морските топлотни бранови, закиселувањето и осиромашувањето на кислородот во морињата и другите антропогени фактори како што се загадувањето и риболовот, го загрозуваат функционирањето на морските екосистеми, се вели во извештајот.

„Тие можат да предизвикаат значителна загуба на биолошката разновидност, вклучително и масовно истребување“, се додава таму.

ЕЕА смета дека приоритет е европските влади и граѓани едногласно да ги препознаат ризиците и да прифатат дека треба да направат повеќе и да дејствуваат побрзо.

„Треба да направиме повеќе, да имаме посилни политики“, рече Ила-Мононен.

Сепак, агенцијата призна дека е постигнат „значаен напредок“ во разбирањето и подготовката за климатските ризици.

За ЕЕА, најекспонирани зони се на југот на Европа (пожари, недостиг на вода и нивните ефекти врз земјоделското производство, влијанието на топлината врз работата и здравјето) и во пониските крајбрежни области кои се загрозени од поплави, ерозија…

Сепак, не е поштедена ниту Северна Европа, нагласува оваа институција и укажува на неодамнешните поплави во Германија или шумски пожари во Шведска.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...