СВР Охрид поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и еден малолетник, поради постоење основан сомнеж дека извршиле четири тешки кражби и една кражба.
Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид – Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори, стекнувајќи противправна имотна корист од 369.000 денари.
Во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година, пријавените, исто така, со употреба на физичка сила извршиле тешки кражби во пет фабрики, од кои три на подрачјето на Ново Село – општина Дебарца и уште во две други кои се наоѓаат во општина Охрид.