fbpx

Eдна година Охрид-Преспа е прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

-

Денеска навршува една година од прогласувањето на регионот Охрид – Преспа за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО.

Одлуката на 11 јуни минатата година беше едногласно донесена на состанокот на Советот на МАБ – Комитетот на УНЕСКО, одржан во Јончепинг, Шведска.

Номинациониот акт беше работен во текот на претходните две години, а во него беа инволвирани домашни и меѓународни експерти, со поддршка на централната власти и на локалните самоуправи во регионот и од македонска и од албанска страна. Номинацијата беше испратена во УНЕСКО преку Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро како носител и Националните комисии на УНЕСКО во двете земји.

Значењето на прогласувањето на Биосферен резерват се движи во насока на меѓународна промоција на вредностите на ПБР, брендирање на производи од ПБР како производи од Биосферен резерват (мед, цреши, јаболка…), брендирање на туристичката промоција, едукативни активности за управување со ПБР, пилот-проекти за прекугранични платформи на производители на вредности од ПБР, програми за подигање на јавната свест. За сето тоа ќе се работи на утврдување на управувачки план за ПБР.

– За регионот Охрид – Преспа донесовме безвременска вредност како за еден од само 15 вакви препознаени региони во светот. Таквиот статус треба да ни биде основа за програмирање на економскиот развој поврзан со овие природни и културни вредности и на промоцијата пред научниот и туристичкиот интерес во светот. Уникатниот биодиверзитет, природните реткости, културното наследство, фолклорот и обичаите, храната и услугите треба да бидат нашиот симбол пред светската јавност – вели Дејан Пановски од Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...