Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Нестабилно време се очекува особено во источните и во северозападните делови од земјата, но со помал интензитет од вчера.

Утринската температура се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната се очекува да достигне до 32 степени.

Во Скопје се очекува слично време со дневна температура до максимални 31 Целзиусов степен.