fbpx

Движењето за реформи во ДПА: Во владата на Груевски, ДУИ била партнер за криминал

-

Движењето за реформи во ДПА, реагирајќи на денешната прес-конференција на СДСМ, оцени дека јавноста имала можност да ја слушне вистината дека досега разни државни механизми ја штителе ДУИ од компромитирање и дека граделе лажна слика за оваа партијa во очите на Албанците.

„ДУИ дојде на власт преку крвта на Албанците, но ќе побегне од власт поради корупцијата, криминалот, финансиски злоупотреби и мултидимензионалните неуспеси. Слушнавме и како општините каде што Албанците се мнозинство се казнуваат, а ДУИ е неспособна да ги заштити. Слушнавме како се спремни да уништуваат цели села, под изговор дека тие не се изградени во согласност со законите. Денеска, сомнежите се претворија во неизбежни факти. Во владата на Груевски, ДУИ била само партнер во програмата за криминал, корупција и за измама, додека нејзината политичка програма се игнорирала или била основа за финансиски пазарења, тендери и за незаконски добивки за високи функционери на ДУИ“, пишува во соопштението на Движењето за реформи во ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.