fbpx

Дваесет и пет загинати во воздушните напади врз Сана

-

Дваесет и пет цивили загинаа, а 40 се повредени за време на саудиските воздушни напади извршени во станбен дел од јеменскиот главен град Сана, соопшти претставник на Министерството за здравство на Јемен.

Официјален Ријад не ја исклучува можноста за копнена офанзива против шиитските бунтовници Хути во Јемен, оценувајќи дека таа би можела да биде неопходна за обнова на редот и на мирот во Јемен.

Во меѓувреме, Иран ги осуди саудиските воени операции во Јемен, карактеризирајќи ги како „агресија поддржана од САД“.

Властите во Техеран ги отфрлија тврдењата на јеменските власти дека Иран ги финансира и обучува шиитските бунтовници Хути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...