Политичките партии Демократски сојуз (ДС) и МОРО – Работничка партија, здружението ДЕМОС и движењето ФРОДЕМ денеска основаа коалиција за заедничко дејствување, насловена Коалиција за промени и за правда (КПП).
Претседателот на ДС, Павле Трајанов, рече дека нивната платформа е одговор на граѓанскиот предизвик да се формира нов, силен политички блок, кој придонесе за да се случат промени и правда во Македонија.
– Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер, демократски и веродостојни избори – рече Трајанов, додавајќи дека изборите ќе се одложат и оти е потребно формирање експертска влада.