fbpx

Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“.

– Во пресрет на новогодишните и на божикните празници, Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишни бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент – истакна градоначалникот Трајановски.

За да се обезбеди максимална транспарентност при изборот на најубаво новогодишно украсените објекти во градот, пријавените објекти ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите и ги избра победниците.

За најубаво украсена семејна куќа, од 12 пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.

Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец.

Од пријавените четири угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „Дежа ви“ во Аеродром.

За најубаво украсен двор на Средно училиште, во конкуренција од пет пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...